facebook-like-button

Facebook планира да направи одредени промени во типот на новости што ги гледате на вашиот News Feed. За таа цел веќе е во процес на промена на алгоритамот со што за одреден период сите корисници ќе почнат постепено да ги забележуваат промените. Она што сакаат да го овозможат е да добивате повеќе за вас важни новости, на сметка на разните meme слики масовно споделувани по Facebook.

Според Facebook бројот на посетители на медиумските сајтови дојдени преку Facebook е зголемен за 170%, па од тоа доаѓаат до заклучок дека корисниците се повеќе сакаат да читаат и одредени важни информации, покрај стандардните забавни и новости поврзани со нивните пријатели. Facebook ќе почнат да следат што за корисниците е содржина со висок квалитет и кои новости се кликаат повеќе преку мобилните апликации, па со тек на време би требало да почнете да добивате повеќе статии со новости, на сметка на другите забавни содржини. Ова посебно се однесува за мобилните апликации.

Исто така Facebook ќе започне со прикажување на поврзани статии, на статиите на кои што кликате. Ова значи дека доколку следите одреден сајт и кликате на нивните статии објавени на Facebook, сега кога ќе кликнете под таа статија, ќе добиете додатни статии на истата тема. Ова се статии кои Facebook смета дека се поврзани со статиите на кои често кликате, па ќе ви предложи слични на нив.

image[4][2][6]

Друга новина што ќе биде воведена е повторно истакнување на статиите на кои што имате кликнато, а вашите пријатели имаат коментирано на истите. Од Facebook сметаат дека кога ќе кликнете на одредена статија, многу ретко повторно ја пронаоѓате истата, па сега доколку некои од вашите пријатели оставиле коментар, статијата ќе биде повторно прикажана на вашиот News Feed за да бидете во тек.

Сите овие промени што Facebook планира да ги воведе се со цел да ве задржи активни на социјалната мрежа и со цел истата да ја направи вашиот главен избор на новости. Веќе одреден период Facebook важи за помалку релевантна мрежа кога се работи за сериозни и важни новости, на сметка на Twitter, па со ваквите промени дефинитивно би можеле да го намалат тој углед.

Претходна статијаНови Windows теми за почетокот на зимата
Следна статијаТоп 10 најчести пребарувања на Yahoo во 2013
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.