Сигурно имате забележано дека доколку разгледувате некој производ на некоја страна, на пример, од истата таа компанија потоа ви се појавува реклама на Facebook. Ова се прави со тоа што Facebook им овозможува на веб страните да постават код на нивната страна со што се прави еден вид на „следење“ на најавените корисниците на Facebook на таа страна.

Ова секако е многу корисно за огласувачите, а од Facebook аргументираат дека е корисно и за корисниците кои добиваат реклами кои нив ги интересираат и за производи за кои се имаат интересирано.

Сепак, проблемите на Facebook, кои започнаа со Cambridge Analytica, доведоа до тоа да од мрежата мораа да поработат малку на приватноста на своите корисници, односно да бидат појасни и отворени за какви информации и со кого се споделуваат.

Off-Facebook Activity е нова функција која Facebook постепено ќе ја воведува за корисниците во светот. Кога ќе се отвори оваа нова страна во прилагодувањата од мрежата, корисниците ќе можат да ги видат сите веб страни и апликации со кои е поврзана нивната сметка, односно од каде Facebook добива и ги поврзува информациите.

Со ова корисниците ќе можат да изберат да ја откажат поврзаноста со одредена веб страна или апликација или истото да го направат за сите. Со тоа не се бришат веќе достапните информации, туку само се раскинува поврзаноста нивна со профилот на корисникот.

Тоа значи дека корисниците веќе нема да добиваат реклами кои се поврзани со нивното сурфање на другите страни, па тие ќе се прикажуваат само врз основа на лајковите и другите информации кои Facebook ги има врз основа на активноста на корисниците на нивната страна.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.