Facebook и Instagram тестираат нова „Do Not Disturb“ функција

Оваа нова функција ќе им овозможи на корисниците да ги исклучат известувањата од апликацијата на одреден период или додека самите решат повторно да ги вклучат

Забележано од страна на еден од корисниците кои редовно следат вакви работи, Facebook и Instagram имаат започнато со тестирање на нова функција која ќе им овозможи на корисниците да ги исклучат целосно известувањата од апликацијата. Исклучувањето, како што може да се види од сликите, може да се направи на 30 минути, 1 час, 2 часа, 8 часа, еден ден или додека корисникот сам не реши повторно да ги вклучи.

Matt Navarra

Оваа функција е во правец на трендот на компаниите оваа година да ги мотивираат корисниците помалку да ги користат своите апликации, како дел од „Time well spent“ иницијативата.

Можеби ќе се запрашате, како може Facebook, Instagram или било која од другите компании да сакаат помалку да ги користиме нивните апликации или сервиси. Одговорот би бил дека во денешно време толку често сме на нашите мобилни телефони, што времето поминато веќе е кратко кажано „без осет“. Компаниите изгледа знаат дека за да можат да овозможат најдобро корисничко искуство, а со тоа и корисници кои активно ќе следат што се случува на мрежите, а поточно рекламите, ќе мора да овозможат корисниците да се вклучуваат и корисно да го поминуваат своето време.

Од друга страна и корисниците добиваат. Се што е во правец на контролирање на оваа модерна завист, сигурно е добро.

Најновите верзии од Android и iOS, вклучуваат функции кои ќе прикажуваат колку време поминуваме на нашиот смартфон, поделено според секоја апликација. Доколку сакаме, ја имаме можност да си забраниме користење на некоја апликација после одреден период во текот на денот.

Вакви статистики веќе се најавуваат и за Instagram и Facebook, па може слободно да се заклучи дека ова ќе стане нешто стандардно, а баш на интересира да видиме дали ќе придонесе до подобро поминување на времето, како што кажува иницијативата.

Во овој правец може слободно да се стави и најновата функција на Instagram, достапна со најновата верзија, која ги известува корисниците дека ги имаат видени сите објави од изминатите 48 часа. Со тоа корисниците може ќе престанат константно да ја отвораат апликацијата со цел „неконтролирано“ скролање без некаква конкретна цел.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаInstagram започна со известувањето дека ги имаме видено сите објави од изминатите два дена
Следна статијаРСБСП со совети како да останете безбедни кога возите сам на подолг пат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.