На крајот од минатиот месец Facebook ја информира јавноста дека нивната мрежа била „хакирана“, при што е пристапено до 50 милиони кориснички сметки. Тоа што во тој момент се знаеше е дека хакирањето е направено преку искористување на софтверски пропусти преку „View As“ функцијата. Преку овие пропусти е дојдено до токените за пристап на корисниците, со што е добиен пристап до сметките без потреба од познавање на лозинката. Случајот бил пријавен во FBI, токените за пристап беа ресетирани, па истрагата продолжи.

При крајот на минатата недела Facebook излезе со детали за хакирањето брз основа на нивните истражувања. Тие подетално имаат откриено што се има случено, па го објаснуваат на следниот начин.

Хакирањето е започнато со пристап кој веќе бил обезбеден од страна на хакерите за околи 400.000 корисничките сметки. Овие сметки, односно нивната поврзаност со нивните пријатели, заедно со софтверскиот пропуст на „View As“ функцијата е искористен да се добие пристап до 30 милиони сметки, 20 милиони помалку од што се претпоставуваше првично.

Овие 30 милиони корисници се поделени во три групи според тоа колку и каков вид на информации за нив се пристапени:

  1. 15 милиони корисници – хакерите имаат пристапно до нивните имиња и контакт информациите, како телефонски број, имејл или и двете.
  2. 14 милиони корисници – за овие корисници е пристапено до информациите од првата група, меѓутоа и дополнителни информации како што се корисничко име, пол, локација/јазик, статус на врска, религија, град на живеење, моментален град, роденден, уреди кои се користени да се пристапи до Facebook, образование, работа, последните 10 места од кои корисниците се имаат „чекирано“ или биле „тагнати“, веб страни, луѓе и страни кои ги следат, како и последните 15 пребарувања.
  3. 1 милион корисници – за овие корисници хакерите немаат пристапено до никакви информации.

Начинот на којшто можеше да се добие информација дали вашата сметка била дел од ова хакирање, беше преку тоа дали при вклучувањето на Facebook тие неколку денови, од вас беше побарано да повторно се најавите.

Сега од компанијата овозможуваат да добиете точен одговор за тоа дали сте биле дел од хакирањето, како и кои информации точно биле пристапени, а дополнително ќе бидете и известени за истото во периодот што следи.

За да проверите дали вашата сметка е дел од хакираните сметки, како и тоа кои информации ви биле пристапени, следете го овој линк до Help Center на Facebook. Треба да сте најавени на Facebook, а на крајот од страната го има одговорот на прашањето „Is my Facebook account impacted by this security issue?“.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаСвитливиот Samsung ќе биде таблет кој ќе може да се превитка во форма на мобилен
Следна статијаПост-референдумски: Може ли блокчеин да ја унапреди демократијата?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.