Случајот со Cambridge Analytica кој излезе во јавноста минатата година, ни покажа како и колку можат да бидат искористени и злоупотребени информациите кои ги оставаме на друштвените мрежи, а често и без да сме свесни за истото.

Оваа компанија креира апликација на која корисниците и даваат пристап до голем дел од нивните податоци, секако без тоа да го знаат затоа што повеќето и не се запознаени со функционирањето на овој дел од мрежата, а и не читаат што е тоа што го дозволуваат.

Врз основа на тие податоци, од компанијата креираат огромна база на луѓе за кои потоа креираат посебна кампања, меѓу кои најпознатите е политичка кампања за време на претседателските избори во САД кога победи Доналд Трамп.

Можноста за некоја апликација да има толку голем пристап до податоците на корисниците беше променета во 2014, а Facebook најави дека ќе направи ревизија на сите апликации кои ја имале таа можност пред оваа година.

Моменталниот резултат на таа ревизија Facebook го објави и истакнува дека резултирал со повеќе десетици илјади апликации кои се сега суспендирани. Тие исто така истакнуваат дека не сите апликации кои се суспендирани значи дека имале голем пристап до податоците на корисниците, ниту дека тие го злоупотребиле тој пристап.

Во основа, апликациите на Facebook, кои ги има за се и сешто, за да функционираат, од корисниците бараат одреден пристап до нивните информации. Кога тоа е само нивното име и возраст, не е некој проблем, но листата знае да е многу поголема, а корисниците кога притискаат „дозволи“, не ја ни погледнуваат истата за да воопшто некогаш се замислат, зошто апликација за испраќање на роденденски честитки, на пример, би сакала да има пристап до скоро сите информации кои се достапни на мрежата.

Целиот извештај од Facebook можете да го прочитате тука.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.