fb-post-friends

Поради заштита на приватноста на тинејџерите, односно луѓето на возраст од 13-17 години, Facebook не дозволуваше тоа што го постираат да може да биде јавно. Тие до сега можеа да изберат помеѓу споделување со пријателите и пријатели на пријателите. При креирање на профил, првиот пост стандардно беше наместен на пријатели на пријателите.

Facebook воведува измена во прилагодувањата за приватност за оваа група на млади луѓе, па сега и тие ќе можат да споделуваат јавно, односно секој да може да ја види споделената работа, како на пример луѓе што не се во нивната листа на пријатели. Исто така првиот пост стандардно ќе биде наместен на пријатели.

fb-post-public

Покрај оваа промена, Facebook исто така ќе дозволи тинејџерите да бидат следени од јавноста.

Претходна статијаIntel го одложи производството на Broadwell
Следна статијаОфицијална Facebook апликација за Windows 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.