Facebook оваа недела, може да се каже и до некаде за изненадување, претстави нов систем за плаќање преку нивната мрежа и апликации. Овој систем може слободно да се нарече PayPal за Facebook, односно ќе им овозможи на корисниците плаќање од нивната картичка, преку Facebook, наместо директно од картичката.

Facebook Pay, како што е наречен системот, за почеток ќе им биде достапен на корисниците од САД, на главната мрежа и на Messenger. Во иднина се планира Facebook Pay да може да се користи и преку Instagram и WhatsApp, очекувано со оглед на тоа што овие две мрежи и апликации се во сопственост на Facebook.

Корисниците едноставно ќе можат да ја внесат својата картичка или PayPal сметка во системот на Facebook Pay и да почнат да плаќаат преку него.

Работите кои ќе може да се платат преку Facebook Pay вклучуваат карти за настани на мрежата, плаќања во игри, плаќања за прибирање на средства, производи во Facebook Marketplace, како и префрлање на пари на други корисници.

Кратко кажано, ова е систем којшто ќе им овозможи на корисниците се што досега можеле да го платат преку оваа мрежа, тоа сега да може да го прават преку него, со што се овозможува додатна безбедност и заштита.

https://www.facebook.com/facebookapp/videos/403080913901331/

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНевидено ниски цени на Sport Vision Bazaar
Следна статијаПодгответе ги возилата за безбедно движење во зимски услови – од 15 ноември започнува обврската за носење на зимска опрема
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.