lEZAHEHTUqkhGeS-800x450-noPad

Facebook ја воведе можноста да вашиот статус го збогатите со икона и изјава како на пример, „се чувствувам“ уште во 2013 година. Од тоа што можам да го видам, веќе голем број на корисници ја користат оваа функција и истата е прилично популарна.

Меѓутоа денешницата не би била она што е доколку не се најде некоја група на луѓе кои што се навредени или загрозени од нешто што е достапно како доброволен избор за секој корисник. Во овој случај, групата наречена „Загрозени Тела“ смета дека иконата со ознака „се чувствувам дебело“ е навредлива и промовира лош став на луѓето спрема своите тела.

Поради ова, тие покренаа петиција на страната change.org во која што бараат од Facebook да ја тргнат оваа икона од изборот при објавување на статусот. Петицијата била поддржана од доволно луѓе за да од компанијата решат истата да ја тргнат.

Слушнавме од нашата заедница дека постоењето на “feeling fat” како опција за статусните промени може да го засили негативното гледиште спрема телото, посебно за лицата кои што се борат со пореметувања во исхраната.

Тие како аргумент во петицијата истакнуваат дека чувствувањето дебел воопшто не е чувство и дека луѓето кои што го објавуваат ова ги исмејуваат луѓето кои што имаат проблеми со тежината, а голем број од нив имаат и проблеми со исхраната.

Прашањето што би требало да се постави во вакви ситуации е дали ваквите групи сметаат дека луѓето не треба да превземаат одговорност за своите постапки и дали е добро да за се некој треба да биде навреден. Ставањето на една ваква икона на социјалните мрежи е во најмала рака само одраз на општеството и одењето против вакви појави не може да реши ништо во областа во која што ваквите групи сметаат дека има проблем.

Извор: The Verge, Washington Post

Претходна статијаNova Launcher beta доби материјален дизајн
Следна статијаСимнете ја новата позадина која што ќе доаѓа со Ubuntu 15.04
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.