facebook-edit-post

Веќе неколку месеци постои можноста да направите измена на вашите коментари на Facebook, но таква можност не постоеше за објавените статусни пораки (Status updates-Posts). Од оваа недела Facebook ќе почне да дозволува да правите измени и на вашите статусни пораки, па доколку направите печатна грешка при пишување и без да забележите ја објавите вашата порака, сега ќе можете да ја измените. Единствен начин досега да ја исправите направената грешка беше да ја избришете пораката целосно, па повторно да ја напишете без направената грешка.  За да направите измена треба да притиснете на надолу свртената стрелка која се наоѓа во горниот десен агол од пораките и потоа да притиснете на Измени (Edit…).

Оваа нова можност остава простор за злоупотреба на корисниците. Поточно доколку некоја порака на Facebook привлече голем број на лајкови и коментари, корисникот што ја има објавено пораката може да ја промени во нешто на кое што не би сакале да притиснете лајк или да ставите позитивен коментар. Сепак од Facebook сметаат дека опасноста од оваа појава е минимална, па новата можност ќе продолжи да постои.

Кога ќе направите измена на некоја порака, до истата ќе се појави знак на кој што ќе пишува Изменето (Edited), па со притискање на истиот ќе можете да ги видите сите претходни верзии на изменетата порака, вклучувајќи ја и оригиналната.

 

Претходна статијаDropbox воведе споделување на Screenshots
Следна статијаTellSpec – геџет кој ќе ви ги открие сите состојки на храната
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.