На F8 конференција која се одржа во мај оваа година, Facebook најави дека планира да ја прошири функционалноста на својата мрежа во областа на „дејтинг“, односно да навлезе во територијата на Tinder и другите вакви апликации.

Според информациите кои ги прикажува откриениот и „скриен“ код во Facebook апликацијата, а откриен од Џејн Вонг, од компанијата имаат започнато со тестирање на оваа функција во рамките на компанијата. Вонг има дојдено и ги објави на Twitter сликите од оваа функција, од кои се гледа како ќе изгледа истата и дел од тоа што ќе го понуди.

Инаку, Facebook Dating ќе биде дел од главната Facebook апликација, како што е примерот со некои други функции дел од апликацијата. Корисниците кои се заинтересирани ќе може да креираат посебен „дејтинг“ профил којшто нема да биде јавен и ќе може да го видат само корисниците коишто исто така имаат креирано таков профил.

Покрај тоа, корисниците ќе може да изберат нивниот профил да не биде прикажуван на пријателите на нивните пријатели со цел поголема приватност, односно намалување на шансите да се „налета“ на некој познат.

Исто така, покрај прикажувањето на корисници коишто имаат слични интереси едни со други и со тоа зголемување на шансите за погодување, Facebook Dating ќе овозможува и прикажување на профилот на Dating корисниците кои се пријавени за одреден настан или група.

Уште од првото претставување, односно најава на сервисот, се гледа дека ќе биде нешто поразличен од Tinder којшто функционира на едноставниот концепт на разгледување на што повеќе слики од корисници и притискање „лајк“ на тие што ни се допаѓаат. Facebook Dating ќе биде повеќе насочен кон сличните интереси, како и посетата на исти настани.

Дали Facebook Dating дефинитивно ќе им биде овозможен на сите корисници не е познато, а од компанијата се што потврдуваат е дека оваа функција би била дел од главната апликација и дека е во фаза на тестирање внатре во компанијата.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаGoogle Maps на десткоп почна да ја прикажува Земјата во форма на глобус
Следна статијаПоследни неофицијални информации за Galaxy Note 9 пред утрешното претставување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.