Facebook
Фото: TheGuardian

Извршниот директор на News Corporation, Руперт Мурдох излезе со соопштение во кое се вели дека најголемите платформи за интернет рекламирање, Google и Facebook треба да го сменат начинот на кој функционираат.

Имено, тој смета дека компаниите како Facebook би требало да се должни да плаќаат за рекламите кои циркулираат низ нивните платформи. Ваквиот принцип се спроведува кај кабелските ТВ оператори.

Ваквата реакција доаѓа непосредно по најавите за промената на функционирањето на најголемата социјална мрежа. Како што е познато, Facebook најави измени во делот на дистрибуција на содржини, со цел да ги заштити своите корисници. Ваквите измени не им се допаднаа на маркетерите кои се загрижени за репутацијата на брендовите кои ги застапуваат на оваа социјална платформа.

Светот на медиумите интензивно се менува последните неколку години. Facebook зема активно учество во промената, заземајќи го местото на примарен извор на информации. Истражувањата велат дека во САД, дури две третини од возрасната популација се информира на социјални мрежи како Facebook. Популарноста на овие платформи буквално ги доведе медиумите во зависна положба. Еден од најуспешните луѓе од сферата на медиумите, смета дека токму „каналите“ се должни да платат за квалитетни медиумски содржини.

Ваквиот став би можел да има логика во некое друго време. Живееме во дигитална ера во која поврзувањето и споделувањето на информации е побрзо и поедноставно од кога и да е. Да се очекува од платформата која располага со најголем број информации, да плаќа за истите е во најмала рака наивно. Од таму се свесни дека медиумите не се во состојба „да преживеат“ без дистрибуција на нивните содржини на мрежи како Facebook.

На тој начин заработката од услугата на нудење на информативни содржини оди кај Facebook. Така всушност се изместува рамнотежата. Медиумските куќи „извисуваат“ бидејќи остануваат без својот приход. Во секој случај, потребен е критериум за квалитетот на содржините, но одлуката останува на Facebook како за истото ќе се оддолжи на креаторите на содржини.

Извори: TechCrunch, The Guardian

Претходна статијаGlobal Game Jam Македонија во Скопје од 26 – 28 јануари 2018 година
Следна статијаПатент од Samsung покажува екран со мали дупки за сензорите и камерата