TechCrunch

Како што на повеќето од нас ни стана јасно изминатиот период, поради актуелноста на „скандалите“ со Facebook, оваа мрежа собира информации за нас и ги поврзува со нашиот профил и кога не сме директно на нејзината страна.

Истото со прави преку деловите од Facebook кои ги има на скоро секоја веб страна, па и на нашата, како што се Like и Share копчињата, но и дополнителни кодови кои се поставуваат при користење на реклами, аналитики, најавување со Facebook сметката на сервиси и апликации и слично.

Поради огромниот број на критики од јавноста, властите, здруженија и кој се не, Facebook реши да воведе можност корисниците да ги видат страните од кои мрежата добива информации за нив, па истите да ги избрише.

Новата можност која се’ уште е во развој е наречена „Clear History“, а на корисниците ќе им овозможи и исклучување на собирањето на информациите на горенаведениот начин. Сепак, дел од информациите ќе продолжат да бидат собирани, меѓутоа од Facebook најавуваат дека тие ќе бидат во помал број, а и веќе нема да бидат поврзувани директно со корисничката сметка на тој корисник.

Тоа значи дека огласувачите и понатаму ќе добиваат информации за видот на корисниците, меѓутоа Facebook, наводно овие информации веќе нема да ги идентификува со конкретен корисник.

Clear History беше најавена на F8 конференцијата која компанијата традиционално ја одржува секоја година, а на истата се најавени и низа други новини.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Facebook
Претходна статијаЗошто супер-хероините имаат совршени фризури?
Следна статијаДецентрализација во крипто светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.