Во последниве месеци, Facebook направи неколку промени на својата платформа. Целта е да се подобри искуството на корисниците. Прво се случи промената на алгоритмот за новости. Идејата беше времето поминато на оваа социјална мрежа да биде квалитетно потрошено. Сега на ред се лажните вести.

На што мислам со ова? Со промените кои настанаа во News Feed – от, се отежна доаѓањето до ударните и актуелни вести. Како последица на ова, наместо да бидат видени кога се’ уште се нови, тие се појавуваат неколку дена по случувањето или воопшто не се забележани. Ова го искористи Twitter и практично стана единствената друштвена мрежа каде ваквите објави доаѓаат до израз. Секако, тоа не му одговара на Facebook и работи напорно за да ја сврти ситуацијата во своја корист.

Што значи ова? Во фаза на тестирање е опција за означување на вестите како ударни. На овој начин, Facebook се труди да остане во добри односи со обичните корисници, но и со новинарите. Како што најави Joey Rhyu, продукт менаџер во компанијата, тие работат со мала група на новински агенции во Јужна и Северна Америка. Тука се вклучени и корисници од Европа и Австралија. Сите тие имаат пристап до оваа нова функционалност и моментално се испитува нејзиниот ефект и реакцијата која обичните читатели ја даваат за неа.

Како што се гледа на сликата погоре, етикетата Breaking News фигурира со црвена ознака “Breaking”. Покрај оваа ознака наведено е и времето потребно за читање на веста, како и изворот.

На овој начин, ова е обид да им се укаже на корисниците дека она што го гледаат е легитимен извор на вести, а не лажни вести. Етикетата “Ударни вести” може да се користи преку линкови, инстант статии и содржина на Facebook. Со цел да се подобри квалитетот, постои ограничување на употребата на оваа ознака еднаш дневно. На овој начин се поттикнуваат издавачите да креираат подобра содржина.

Претходна статијаДали навистина нешто и́ претходи на Големата експлозија?
Следна статијаДа не ја правиме вештачката интелигенција поглупава