Двојните камери кои стануваат се почести кај смартфоните, а Samsung претстави и смартфон со 4 камери на задната страна од уредот, овозможуваат одредени ефекти кои не беа можни со една камера, односно една леќа.

Овие камери имаат различни леќи, односно едната може да е стандардна, додека втората широко аголна, со што се добива можност за зачувување на две посебни слики со делумно различен опфат на објектот што се слика, како и неговата позадина.

Facebook со помош на вештачката интелигенција, може да ги искористи сликите направени со двојна камера и да го објави во 3D форма. Тоа значи дека при мрдање на телефонот, односно на курсорот со глувчето на десктоп, сликата ќе почне да се прикажува од различни агли, а со тоа ќе се менува и позадината која е прикажана.

Од компанијата го споредуваат ова со гледањето низ прозор и менувањето на аголот на гледање. Не секој дел од позадината е „вистинскиот“, па вештачката интелигенција успева да „претпостави“ што е тоа што е во тој дел од сликата, врз основа на информациите кои ги има од двојната камера.

Оваа можност ќе им биде достапна на сите корисници во периодот што следи. За објава на 3D слика се што треба да се направи е да се започне нова објава, па да се избере новата можност 3D Photo која е достапна заедно со досегашните Photo/Video, GIF, Check In, Live Video и други.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаУживајте во секој миг со новиот Galaxy A9
Следна статијаНов патент од Microsoft покажува како може да биде направен нивниот мобилен/таблет на преклопување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.