Screen-Shot-2014-10-02-at-5.03.01-PM

Evernote е сервис кој што започна како едноставна апликација наменета за чување на белешки составени од линкови, слики, видеа и слична содржина. Верзии се достапни за повеќето платформи, односно може да се користи на PC, Mac, Android, iOS и Windows Phone.

Денеска Evernote може да се каже дека е напреден cloud сервис кој што го користат повеќе од 100 милиони корисници. Покрај бесплатен пристап, Evernote нуди и Premium и Business пакети кои што нудат повеќе можности и простор за складирање на податоци.

Годините на развој покажаа дека Evernote се користи од страна на голем број на бизнис корисници, па на посебна конференција која што се одржува оваа недела, од компанијата претставија одредени подобрувања на сервисот како и неколку нови функции кои што сервисот го прават сериозна бизнис алатка која што почнува да конкурира на Google Apps и Microsoft Office 365.

Веб апликацијата, односно пристапот до Evernote преку нивната веб страна, е преработена и направена во минималистички стил. Изгледот сега е многу помодерен и му дозволува на корисникот да се концентрира на работата што ја прави, а тоа е внесување на белешки. Како што истакнуваат од компанијата, порано се сметало дека веб апликациите треба да бидат полни со функции и комплицирани како програмите на компјутерот, меѓутоа денешниот корисник сака едноставност и можност својата работа да ја заврши на едноставен начин. Новиот дизајн на Evernote веб е моментално достапен по избор, односно доколку сметате дека стариот повеќе ви се допаѓа, истиот ќе можете да продолжите да го користите.

Notebook-2

Покрај промена на веб апликацијата, Evernote денеска престави и неколку нови функции. Претставени се Context, Work Chat и Presentation Mode. Овие три нови функции се наменети за бизнис корисниците и се достапни со нивните платени пакети.

Context е нов дел од сервисот кој што ќе прикажува новости и информации од други веб страни, поврзани со темата на која што работите во вашата белешка и „тетратка“. Изборот на информации ќе се прави врз основа на зборовите кои што ги внесувате во белешките, со помош на алгоритам развиен од страна на компанијата. Ова треба да ви овозможи подобро завршување на работата и скратување на времето потребно за истражување на одредена тема. Од Evernote истакнуваат дека приватноста на вашите информации е важна работа за нив, па пристапот до вашата работа е целосно заштитен и нема да биде користен за продавање на реклами или било какви други активности со трети страни.

4-copy

Work Chat е функција која што овозможува разговарање со луѓето од вашиот тим, односно тие што работат на истите белешки. Во секое време можете да видите кој работи на белешките, како и дали е вклучен од десктоп или мобилна апликација. Идејата на компанијата зад оваа функција е поефикасна комуникација помеѓу членовите од одредени тимови кои работат на одреден проект, нешто што не може да се направи толку брзо со користење на email комуникација. Пораките добиени преку email често се оставаат во купче за читање подоцна, па не ретко се случува нешто да не биде одговорено на време.

Part_10_1

Уште една интересна работа која што беше претставена од страна на Evernote, е можноста за креирање на презентација од белешките кои што ги имате, односно на кои што работите. Презентациите се едноставни и лесни за правење, а од компанијата дури имаа забелешки за застареноста според нив на PowerPoint од Microsoft.

Извор: Evernote

Претходна статијаFacebook претстави мобилно лајк копче за програмерите на iOS и Android
Следна статијаNexus 9 од HTC прикажан на неофицијална слика
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.