By Maurizio Pesce from Milan, Italia (Elon Musk, Tesla Factory, Fremont (CA, USA)) [CC BY 2.0 (http://creativecommons.org/licenses/by/2.0)], via Wikimedia Commons

Овие неколку денови Facebook го тресе „афера“ како никогаш до сега, може слободно да се каже така. Како што можевме да прочитаме, информациите од корисниците на едноставен начин, дозволен според правилата на мрежата, биле земени и споделени со трета страна која не требало да има пристап до истите.

Овие информации, кои достигнуваат бројка од 50 милиони корисници, потоа се користат во повеќе наврати за правење на психолошки профили на луѓето со цел влијаење врз нив и нивните одлуки за време на избори, референдуми и слично.

Најголемиот дел од критиките сепак на крајот завршија на сметка на Facebook, без разлика дали тие го дозволиле ова свесно или не. Сепак, искористени се информации кои мрежата ги чува и споделува слободно со секој којшто ќе направи Facebook апликација, преку сега веќе делумно заштитената Facebook Platform.

Работите отидоа до таму да се покрене движење #deletefacebook поддржано од не така мал број на луѓе и не така „непознати“. Еден од повеќе познатите луѓе кои повикаа на бришење на сметките од Facebook е ко-основачот на WhatsApp, компанија која е купена од страна на Facebook пред неколку години.

Денеска на оваа „кампања“ се приклучи и Елон Маск. Тој ги избришал Facebook страните од двете негови најпознати компании, Tesla и SpaceX.

Она што е уште поинтересно е што тој тврдел дека ги нема ни видено овие страни и дека и така не изгледаат добро.

До каде ќе оди оваа кампања против Facebook ќе биде интересно да се следи. Мене лично ова ми остава впечаток на обид да се „протне“ нова друштвена мрежа која нема начин да знаеме дека исто така нема да остава простор за „крадење“ и злоупотреба на нашите податоци.

Затоа, ние повторно би препорачале. Не е толку прашањето дали да ги користите друштвените мрежи, туку на каков начин. Не го ставајте целиот ваш живот до секој детаљ, не ставајте слики константно, не лајкувате повеќе од тоа што моментално ве интересира како новост и слично.

Можете да ги прочитате и неколкуте совети од Бојан од Смартпортал за тоа што може да направите за да го користите Facebook мудро.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаДали треба да се откажеме од 8-часовниот работен ден?
Следна статијаПо 29-ти пат ќе се одржи Државен натпревар по информатика за основци и средношколци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.