зависност, експерти, гејминг, социјални мрежи, психолошки трикови

Ако сте играле игри или секојдневно користите друштвени мрежи, тогаш и самите на своја рака го имате проживеано нивниот ефект: брзо станувате зависни, затоа што станува забавно да се биде дел од нив. Желбата да не се пропушти нешто сите не’ тера да бидеме постојано онлајн и да следиме што се случува.

Истата работа се случува и со игрите. Тие ни дозволуваат да бидеме херои во виртуелен свет и да направиме прогрес, кој можеби и не го остваруваме во реалниот живор. И друштвените мрежи и игрите се доста слични и ги употребуваат истите психолошки трикови – да се биде во тек со она што е актуелно и да постои концепт на натпревар. Дополнително тука го имаме и друштвениот аспект кој подразбира поврзување со други луѓе и делење на иста цел и кауза со нив.

Сепак, експертите сметаат дека компаниите кои произведуваат игри, како и друштвените  мрежи треба да преземаат акции за да им помогнат на децата да не развијат зависност од нив. Ова секако се коси со бизнис моделот на било која компанија, бидејќи токму тоа е целта: да се развие зависност и истата да се искористи за да се монетизира од неа. И самите знаете колку напорни може да бидат децата ако инсистираат за да им се купи некоја нова игра или општо, колку е тешко во денешно време да тргнеш дете од компјутер.

Експертите велат дека моменталната контрола не е ефективна, а разни добротворни организации и психолози информираат за зголемениот број деца од средната класа кои бараат помош за прашања како што се интернет зависност, текстуални пораки за секс (sexting), онлајн малтретирање (булинг) и слично.

Генерално, оваа ситуација не е нова. Голем дел од компаниите воопшто не размислуваат за превенција од вакви, бидејќи како што објаснив тоа воопшто не им одговара. Сепак, факт е дека во светот се актуелни опшетествено одговорните компании, па можеби работата и на ова поле ќе се помести од мртва точка во скоро време.

Дали вие или некој ваш се соочува со зависност? Како се носите со тоа?

Пишете ни во коментар.

Претходна статијаОдлична понуда на книги на “Летен саем на книга“
Следна статијаШто ако технологијата ни овозможи да препознаваме емоции?