Влијанието коешто го имаат друштвените мрежи е нешто што често е предмет на истражувања. Тоа и не е чудно кога ќе се земе во предвид популарноста на овие мрежи, односно бројот на корисници, како и содржината која се објавува на нив.

Истражувањето за коешто пишуваме денес е направено од страна на Кралското друштво за јавно здравје (Royal Society for Public Health – RSPH) и Младинското движење за здравје (Young Health Movement).

Овие организации се од Британија, па соодветно се направени на луѓе во овие земји.

Според нивните резултати, најголем процент од луѓето кои ги користат друштвените мрежи се млади, односно на возраст од 16-24 години. Ова е очекувано, но останатите возрасни групи се веднаш за помладите.

Истражувањето во основа се концентрира во откривањето на влијанието на мрежите на менталното здравје. Поделено е на позитивни и негативни влијанија, а направена е и споредба помеѓу самите друштвени мрежи.

Сумирано, истражувањето покажува дека друштвените мрежи имаат позитивно влијание кај корисниците преку:

  • Градење на заедници и емоционална поддршка
  • Себе изразување и градење на сопствениот идентитет
  • Создавање, одржување и унапредување на врските
  • Пристап до здравствените искуства на другите луѓе, како и до здравствени експерти

Негативните влијанија кои потекнуваат од социјалните мрежи од друга страна се поделени на следните:

  • Анксиозност и депресија
  • Недостаток на сон
  • Слика за сопственото тело
  • „Киберсилеџиство“
  • Страв од пропуштање

До ваквите заклучоци е дојдено со анкетирање на корисниците на друштвените мрежи и пренесување на нивните искуства. Врз основа на тоа е дојдено и до рангирање на мрежите според тоа какво искуство им нудат на корисниците, односно како тие прават да се чувствуваат.

Па така, како најпозитивна друштвена мрежа е YouTube, додека Snapchat и Instagram се истакнати како најнегативни, односно со најголемо негативно влијание.

Ова истражување исто така истакнува дека процентот на анксиозност кај младите е зголемен за 70% во последните 25 години, а тие тоа директно го поврзуваат со развојот на друштвените мрежи.

Извор: RSPH, Inc.com

Претходна статијаПротекоа фотографии и информации од Nokia 9 – ќе биде многу моќен смартфон
Следна статијаЗаврши десеттиот Лидер Проект: Најдобрата бизнис обука во Македонија која не се купува со пари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.