На својата F8 конференција која се одржува оваа недела, Facebook најави дека мрежата ќе почне официјално да може да се користи за запознавање на потенцијални „партнери“ од спротивниот пол (иако во ова модерно време работите не се само така ограничени ?).

Dating on Facebook ќе може да се користи по избор на корисниците. Главниот профил ќе биде целосно издвоен, односно активностите нема да се прикажуваат на листата со новости, а и Dating профилот нема да биде достапен за корисниците на мрежата кои се немаат приклучено и тие.

Facebook ќе дава предлози за спојување на корисници кои тие сметаат дека ќе си одговараат според одредени фактори, како интересите на пример. Кога ќе се земе во предвид дека Facebook знае за нас и повеќе од што можеби би требало, сигурни сме дека нивниот алгоритам ќе знае да направи соодветни спојувања.

Исто така, ќе може да се разгледуваат групи и настани кои ќе може да се „отклучат“ за Dating, па и од нив да се гледаат други Dating корисници.

Главното спојување ќе се одвива на веќе познатиот начин на другите слични вакви апликации. Двајца корисници ќе треба да се изберат меѓусебно за да може да започне комуникацијата.

Инаку, комуникацијата ќе се одвива на посебен дел ограничен само на текстуални пораки, издвоен од Messenger и WhatsApp со цел овозможување поголема приватност.

Dating on Facebook според мене е нешто што беше чудно зошто од компанијата досега го немаат воведено. Голем дел од корисниците веќе ја користат оваа мрежа за запознавање, па сега ќе имаат подобро организиран и официјален дел за истата намена.

Новата функција ќе започне со тестирање подоцна во годината, па со тек на време ќе им биде овозможена на сите корисници.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Facebook
Претходна статијаInstagram воведува видео разговори и уште неколку други новини
Следна статијаSamsung ги претстави Galaxy А6 и А6+ со напредна камера, елегантен дизајн и дополнителни карактеристики за секојдневно користење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.