Facebook

Како што дознаваме од Смартпортал, Facebook прави истражување на пазарот со цел да утврди дали постои интерес да се воведе платена верзија на нивната социјална мрежа која ќе биде без реклами.

Оваа опција ја разгледуваат посериозно откако се случија бројните скандали со Cambridge Analytica. Главната идеја е да се заштитат податоците на корисниците и нивната приватност.  Со цел да ги овозможат овие промени, како и да го слушаат гласот на тие кои редовно ја користат мрежата, Facebook сериозно размислува да го направи овој чекор. Тоа воглавно се должи на фактот дека повеќе корисници даваат фидбек дека ја напуштаат платформата заради бројните и досадни реклами кои се појавуваат на неа. Овие информации доаѓаат од интерните кругови на Facebook и се’ уште нема официјално соопштение за јавноста.

Како и да е, основачот Mark Zuckerberg за време на бројните излагања во медиумите изминатиот период изјави дека секогаш ќе има бесплатна верзија на Facebook. Факт е дека компанијата заработува големи пари и со досегашниот начин на работа, што воопшто не е за потценување. Да зборуваме поконкретно, Facebook успеа да направи профит од 41 билион американски долари минатата година, а според последните извештаи за првата четвртина од 2018, работите одлично се одвиваат за нив и оваа година.

Главниот проблем се податоците и како се оперира со нив. Дополнителен проблем се и самите сфаќања на корисниците. Луѓето често не гледаат вредност во работите кои ги добиваат бесплатно. Кога би биле соочени со плаќање на сервисот, голема е веројатноста дека тие ќе бидат посвесни за овој момент. Социјалното вмрежување чини пари за да функционира и мора да постои начин истото да се наплаќа некако. Тоа е сосема логично, но ние сме научени многу работи дека многу работи ни следуваат природно и ги земаме здраво за готово, што не би требало да биде случај.

Дали вие би платиле за да го користите Facebook?

Споделете ги вашите мислења со нас во коментар ✌

Претходна статијаПроширувањето на Wizz Air во Европа достигна нов рекорд
Следна статија„Your Phone“ за Windows 10 ќе овозможи поврзување на мобилните уреди со десктоп компјутерите