Американскиот претседател Доналд Трамп е една од најпознатите личности на Twitter кој оваа друштвена мрежа активно ја користи. Тој преку својот профил ги искажува своите мислења, но и најавува одредени политики, практика која ја започна од кога ја доби својата функција.

Ова значи дека некогаш е можеби малку тешко да се направи точна разлика на тоа дали овој профил треба да се смета за негов лично или сепак како профил на претседателот на државата.

Една од работите по кои е познат Трамп е по тоа што не ретко е во „конфликт“ со медиумите, новинарите, па и неговите следбеници на Twitter. Кога тој смета дека некој од нив има претерано со „настапот“ на неговиот профил, тој знае и да го изблокира.

Група на луѓе кои биле блокирани од Трамп на Twitter имаат поднесено тужба, па федералниот апелационен суд во Њујорк вчера ја донесе својата одлука.

Според судот, Трамп го прекршува Првиот Амандман од уставот на САД, односно го прекршува правото на слободен на говор на своите следбеници. Според судиите тој својот профил го користи за извршување на владини активност, па поради тоа тој не може да има право да ги спречи некои од граѓаните да ги читаат неговите објави, како и да се вклучат во дискусија за истите.

Со оглед на тоа што амандманите се во главно донесени пред повеќе децении и векови, веќе одреден период се води дискусија за тоа како тие може и треба да се применат во ова време на онлајн комуникација и дискусија. Затоа оваа одлука на американскиот суд ќе има поголемо значење од само тоа поврзано со Трамп, односно ќе може да се применува како насока за тоа како ќе се постапува во иднина.

„Првиот Амандман забранува службени лица кои користат друштвени мрежи за владини цели да ги исклучат луѓето од „инаку отворен онлајн дијалог“ затоа што тие кажуваат работи кои службеното лице ги смета за непогодни.

Оваа дебата, колку и да е неудобна и непријатна, како и честа, сепак е добра работа. Одлучувајќи за жалбата, ги потсетивме странките и јавноста дека ако Првиот Амандман значи нешто, значи дека најдобриот одговор на непријатен говор на работи од јавен интерес е повеќе говор, не помалку.“ – истакна еден од судиите на случајот, судијата Паркер.

Од Министерството за Правда, кои го застапуваат претседателот се разочарани од одлуката и ќе одлучат какви мерки ќе преземат понатаму, односно дали ќе поднесат жалба на одлуката или не.

ИЗВОРThe New York Times
Претходна статијаBMW го претстави првиот целосно електричен MINI Cooper
Следна статијаAmazon побара дозвола да постави повеќе од 3.000 сателити во орбитата на Земјата за обезбедување на интернет пристап
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.