ID-100297942

Познатата компанија AVG Technologies, минатата недела објави дека има откриено нов малициозен софтвер кој што ги напаѓа уредите кои што работат на Android оперативниот систем. Се работи за нешто поразличен малициозен софтвер кој што го превзема процесот кој што го исклучува уредот, по што истиот останува вклучен иако изгледа како успешно да го имате исклучено.

Процесот за исклучување на уредот вклучува неколку чекори кои што се случуваат во позадина кога ќе го притиснете копчето за исклучување неколку секунди. По прикажување на посебното мени каде што покрај другото, можете да изберете да го исклучите уредот, тој го продолжува процесот на исклучување на уредот.

Малициозниот софтвер успева да го преземе овој процес во точно определен момент потребен за негово успешно извршување. Менито кое што се појавува за исклучување на заразените уреди е прикажано од страна на малициозниот софтвер, а по притискање на командата за исклучување, се прикажува лажна анимација која што го прикажува исклучувањето на уредот како што обично изгледа.

По ова, корисникот на уредот мисли дека неговиот уред е исклучен, но тој останува вклучен и работи во позадина. Додатно, малициозниот софтвер превзема и уште неколку други сервиси, како што се на пример тие за телефонски повици, пораки и слично. Со тоа успева да ги следи повиците, да испраќа пораки и слично.

Од AVG истакнуваат дека овој малициозен софтвер веќе има заразено околу 10.000 уреди во Кина. Не е точно објаснето како овој софтвер доаѓа до уредот на корисникот, но објаснето е дека тоа се случува преку продавниците за апликации во Кина каде што нема пристап до Play Store, како и преку инсталирање на апликации преку apk фајл.

Исто така, од AVG истакнуваат дека овој малициозен софтвер ги таргетира Android уредите кои што работат на верзии од оперативниот систем постари од 5.0 Lollipop.

Извор: AVG, VB

Фото: mapichai / freedigitalphotos.net

Претходна статијаНајцврстиот природен материјал пронајден досега се наоѓа во „забите“ на водени полжави
Следна статијаНајновата верзија од Windows Defender го брише Superfish adware софтверот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.