Најпопуларната социјална мрежа Facebook ќе почне да поддржува користење на 360° фотографии како насловна фотографија(Cover photo). До сега, Facebook поддржуваше споделување на фотографии во овој формат, но само како содржини.

Со новите измени и самата апликација Facebook ќе овозможува правење фотографии со овој одличен формат за забележување големи пространства или панорами.

Измените започнуваат да се применуваат од овие недели, постепено за корисниците од различни делови на планетата, за обата најпопуларни оперативни системи Android и iOS.

Новата измена, дополнително ќе овозможува зумирање на фотографиите и означување (taging) на вашите пријатели.

Интересно да се забележи е дека ова е прва измена која се однесува на „насловната фотографија“ откако оваа опција беше воведена.

Дополнително Facebook објави видео-туторијал за тоа како наједноставно и најквалитетно да ги забележите вашите 360° фотографии:

Извори: TechCrunch, The Jakarta Post, Mashable

Претходна статијаSamsung ги претстави Gear Sport и Gear Fit2 Pro паметните часовници
Следна статијаiPhone 8, 7S и 7S Plus ќе бидат претставени на 12 септември