Waymo, за потсетување е посебна компанија во Alphabet групацијата која започна како проект под Google. Со издвојувањето на посебните проекти во посебни компании, сите под една, се разбира на сопствениците на Google, ваквите проекти добија шанса понезависно да работат и подобро да се развиваат.

Инаку, Waymo како проект, а сега и посебна компанија, работи на развој на технологија за автономни возила. Иако не е единствена на пазарот, сепак фактот дека доаѓа од Google, ја става на врвот во буџетот којшто е достапен и со тоа развојот на самата технологија.

По добивањето на дозвола да превезува патници, ограничен број и со возач зад воланот за „секој случај“, во Феникс, Аризона, САД, Waymo сега доби дозвола да превезува патници и во Калифорнија.

Дозволата која ја доби Waymo е во рамките на пилот програма во државата Калифорнија, за која и други производители имаат добиено дозвола.

За разлика од таа во Аризона, во Калифорнија сепак се смета како поважна дозволата затоа што тоа е државата во која почнува развојот на ваквите технологии, односно таму се седиштата на компаниите и се оди најдалеку во тестирањата.

За почеток, очекувано, Waymo ќе мора да вклучува возач којшто ќе седи зад воланот во случај да треба реакција од негова страна. Исто така, нема да може да се наплаќа за превозот, односно ова е уште тест фаза за технологијата, а не официјално такси.

Покрај ова, првите кои ќе можат да се возат со автомобилите на Waymo се вработените во компанијата, кои ќе бидат пренесувани до саканата локација, а при возењето тие ќе можат да донесат со нив „гости“, што значи дека повеќе луѓе ќе може да видат како е да се вози со автономно возило.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаGalaxy A80 достапен во Македонија од средината на јули
Следна статијаПатарините на Коридор 10 добиваат електронска наплата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.