Volvo, познатиот шведски производител на автомобили и камиони, минатата година најави дека е во развој на нов камион, конкретно влекач, којшто е електричен и автономен, па дури и нема можност и место за возач.

Овој камион треба да ги замени стандардните, за почеток не за пренос на производи на подолги релации, туку за пренос од една до друга локација на компанијата кои се наоѓаат поблиску.

Првиот договор за користење на Volvo Vera, како што е името на камионот, Volvo го направи со шведската компанија DFDS, која ќе ја користи Vera за пренесување на производи од еден од нивните логистички центри, до пристаништето во Гетеборг, Шведска.

Камионот ќе може да се движи со брзина до 40 километри на час, а ќе биде цело време поврзан со контролен центар којшто ќе биде задолжен за безбедноста, како на товарот, така и на околниот сообраќај.

Vera во својата прва работа ќе поминува во одреден дел од рутата и низ јавен пат, што значи дека ова ќе претставува одличен тест за оваа технологија и нејзината безбедност.

„Автономниот транспорт со ниско ниво на бучава и нула издувни гасови игра важна улога во иднината на логистиката и ќе придонесе за подобрување на бизнисите и општеството.“ – истакна Микаел Карлсон, потпретседател на автономните решенија во Volvo Trucks.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.