CAR

Volvo, познатиот шведски производител на автомобили кои отсекогаш важеле за семејни автомобили со акцент на безбедноста, до крајот на оваа година на своите купувачи ќе им понуди новина исто така поврзана со безбедноста, но и удобноста при возењето.

Се работи за камера насочена кон внатрешноста, односно кон возачот на автомобилот. Оваа камера ќе го препознава, но и следи возачот, односно неговите движења, состојба и здравствените показатели.

Од Volvo истакнуваат дека камерата ќе може да ја одреди количината на гликоза во крвта на возачот гледајќи ги неговите очи, односно зеници. Доколку забележи проблем, за тоа може да бидат известени неговите блиски, па дури и некоја болница.

CAR

Технологијата според Volvo е доволно напредната да овие камера може да им се понудат на корисниците и тие да направат вистинска разлика како во безбедноста, така и во удобноста на возењето.

Што се однесува до удобноста, камерата ќе може да го препознава возачот и соодветно да се најави на неговата сметка на Google Maps, на пример, да ја прилагоди климата, како и да ги намести седиштата.

Камерата ќе биде понудена како можност, односно нема сите Volvo автомобили да дојдат со истата.

Тука се и потенцијалните грижи за приватноста на возачите. Сепак, камера константно ќе го снима возачот, а таа снимка ќе биде испраќана и на серверите на Volvo, за што од компанијата тврдат дека тие ќе бидат анонимни и нема да им бидат дадени на трети страни, како и на властите.

ИЗВОР 2Digital Trends
Претходна статијаМожноста за поевтина промена на батеријата и враќање на перформансите на iPhone придонесува за помала продажба на новите модели
Следна статијаКако ќе изгледа Nokia телефонот со 5 камери на задната страна?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.