Volvo Cars introduces Care Key as standard on all cars for safe car sharing

По најавата дека ќе ја ограничи максималната брзина на сите свои возила на 180 km/h од 2020, Volvo излезе со уште една новина која е карактеристична за оваа компанија.

Volvo отсекогаш се познати по вниманието кое го вложуваат во безбедноста на возачите и патниците, како и сообраќајот во целост. Напредокот на технологијата овозможува нови начини како истото да се постигне.

Care Key е нова можност за ограничување на брзината на возилото која на корисниците ќе им стане достапна исто така почнувајќи од 2020.

Со Care Key, сопственикот на возилото ќе може да постави ограничување на максималната брзина на возилото кога клучот ќе го даде на некој друг, како на пример пријател, член на семејството, односно уште поважно, на некое од неговите деца.

Ограничувањето на брзината ќе овозможи поголема безбедност, односно намалување на шансите дека нешто ќе се случи, барем нешто што би било предизвикано од возење со голема брзина.

Од Volvo истакнуваат дека се во преговори со осигурителните компании да им овозможат поголеми попусти на сопствениците на возилата со Care Key, а истакнуваат дека ќе успеат да го договорат истото.