Vision Mercedes Simplex Vision Mercedes Simplex

За време на 2019 Frankfurt Motor Show, Mercedes-Benz го претстави еден од поинтересните концепти за автомобил досега. Се работи за преработка на автомобилот Mercedes 35 PS од 1901 кој важи за првиот модерен автомобил. Дотогаш, моторните автомобили во главно биле направени како преработени кочии на кои е додаден мотор.

Vison Mercedes Simplex е концепт на автомобил којшто ќе биде навистина штета доколку никогаш не го видиме на улиците, барем во некоја ограничена серија која сигурно ќе има огромна цена.

Направен да изгледа исто како старите автомобили, тој сепак тука застанува со сличноста, а остатокот е целосно модерен. Како што би се очекувало, овој концепт е за целосно електричен автомобил.

Изработката на автомобилот е целосно модерна, но сепак се задржува едноставноста, па во внатрешниот дел се прикажуваат само основните информации кои се потребни при возење.

Интересен е предниот дел на којшто е поставен 3D екран каде стои логото на Mercedes-Benz, а исто така се прикажуваат додатни информации за автомобилот.

Во продолжение неколку слики од овој одличен концепт.

ИЗВОРDaimler
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНовите FREEBUDS 3 HUAWEI безжични слушалки испорачуваат нови интелигентни звуци користејќи KIRIN A1
Следна статијаСтудена војна II
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.