Tesla за своите возила од САД, кои се купени од 2016, па навака, ќе воведе систем којшто можеби е потребен во секое возило во нашата земја.

Autosteer Stop Light Warning, како што кажува и самото име, е систем којшто врз основа на мапа на семафорите во САД, како и камерата која е дел од возилото, ќе проценува кога возачот не ја намалува брзината кога се приближува до црвено светло на семафорот.

Овој систем нема да го закочува автомобилот, па е тука само да го предупреди возачот преку звучен и сигнал на екранот од автомобилот.

Едноставен систем којшто иако не може да го реши проблемот со возачите кои сметаат дека е во ред да поминат на црвено светло, сепак сигурно ќе го намали до одреден процент.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВикинзи: Тизерот за последната сезона најавува брутална битка + сè што знаеме за последната сезона (ВИДЕО)
Следна статијаТемната тема на Chrome за Windows достапна во бета верзијата од Chrome 74
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.