Како што најави преку Twitter, Елон Маск вчера го претстави најновиот Tesla модел, Model Y. Автомобилот беше претставен на настан во Лос Анџелес, поточно во „LA Design Studio“ од компанијата.

Model Y е автомобил во SUV категоријата, но за разлика од претходниот и прв ваков модел од Tesla, Model X, Y е помал и е направен на основа на Model 3.

Изгледот на Model Y е одличен како и кај сите Tesla модели, а тоа посебно важи за внатрешноста на автомобилот. Внатре главното внимание го привлекува големиот екран поставен на централната позиција, од каде се контролираат сите системи на автомобилот.

Model Y доаѓа во неколку варијанти, односно стандарден којшто ќе може да помине околу 370 километри со едно полнење, а ќе се продава по почетна цена од 39.000 долари.

Втората варијанта ќе има можност за поголема километража, па Long Range ќе може да помине до 480 километри со едно полнење, а ќе се продава по цена од 47.000 долари.

Верзијата со погон на сите тркала и два мотори, ќе се продава по цена од 51.000 долари, а ќе има и „performance“ која ќе има забрзување од 0-100 за 3,5 секунди и ќе се продава по цена од 60.000 долари.

Иако Tesla е најпознатиот производител на целосно електрични автомобили, тие имаат сериозни проблеми со постигнување на производството на нарачаните автомобили.

Исто така од компанијата се обидуваат да ги зголемат продажбите на светскиот пазар, а новиот Model Y сигурно ќе придонесе кон тоа, пред се поради категоријата во која спаѓа, како и почетната цена која сепак не е толку голема.

ИЗВОРTesla
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статија3 области во кои Државата ја губи контролата
Следна статијаHuawei има развиено свој оперативен систем во случај да не може да го користи Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.