Адам Вилијамс е човек што работел во Tesla како регионален менаџер во Њу Џерси до септември мината година, по што добил отказ од работното место. Тој сега во тужба поднесена до Врховниот суд во Њу Џерси тврди дека компанијата за која работел има продавано дефектни возила на крајни корисници.

Како причина за неговиот отказ го истакнува информирањето на неговите претпоставени за случајот, по што наводно два пати е преместуван на пониски работни места, за на крај да биде отпуштен.

Она што тој го открива е дека во Tesla се продавале автомобили кои во процесот на производство имале дефекти за кои биле потребни доста трошоци за нивна поправка. Истите наместо да се продадат како такви, биле продавани како користени возила или како тест возила. Корисниците на кои им се продавале ваквите возила не биле информирани за нивната ситуација.

Од Tesla го негираат ваквото обвинување од Вилијамс, што значи дека останува да видиме каква одлука ќе донесе судот, односно дали тврдењата ќе бидат докажани или побиени.

Од компанијата исто така истакнуваат дека нивните корисници се едни од најзадоволните корисници кои повторно би купиле некој модел од Tesla.

Инаку, Tesla како компанија се соочува со одредени проблеми. Тие можеби се еден вид на револуционер во областа, меѓутоа сепак некогаш се поставува прашањето за нивната иднина, а посебно поради фактот што повеќето производители на автомобили веќе почнуваат со развивање на добри конкуренти.

Од Tesla исто така имаат проблем во одредени ситуации да ги произведат на време нарачаните автомобили до крајните корисници. Ова дефинитивно е нешто што отвара доста прашања чиј одговор нас навистина би не интересирал.

ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаIntel претстави унапреден модел на GPU од 9тата генерација
Следна статијаФејсбук спонзорира студија за нееднаквоста на американските граѓани
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.