Популарноста на автомобилите од Tesla се’ повеќе се проширува, па веќе можеме да видиме како тие почнуваат да се користат од страна на полицијата во одредени градови во светот. Последни кои започнаа со пренамена на Tesla автомобили, во овој случај SUV моделот Model X, е полицијата од швајцарскиот град Базел.

Од таму истакнуваат дека и покрај тоа што овие автомобиле се доста поскапи од претходните дизел автомобили, тие очекуваат дека ќе заштедат пари поради помалите трошоци за одржување на Tesla автомобилите, како и задржувањето на повисока цена при продажба на истите.

Тие интересно процесот на пренамена на овие автомобили го прикажаа на нивниот Instagram профил, каде преку слики и едно видео, може да се види како изгледа автомобилот пред и по вградувањето на полициските додатоци. По завршувањето на процесот, граѓаните на Швајцарија, односно градот Базел, ќе може да ги видат овие автомобили на улиците, па можеби ќе направат и по некој “намерен” прекршок за да бидат запрени.

Инаку во светот уште неколку полициски служби ги користат или планираат да ги користат некои од моделите на Tesla. Па така, полицијата во Лос Анџелес и Денвер во САД користат прилагодена верзија од Model S, а истиот модел го користат во бројка од две возила и во Луксембург. Скотланд Јард има најавено дека исто така се размислува да набави некои од овие модели за нивните потреби.

ИЗВОРElectrek
Претходна статијаMicrosoft победи на тендер од Министерството за одбрана на САД вреден 480 милиони долари
Следна статијаУредот со екран на преклопување од Microsoft сепак ќе биде таблет/лаптоп наместо смартфон?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.