Истражување направено од страна на Accenture and Harris Interactive, за кое стои дека е направено врз основа на онлајн анкета достапна во целиот свет, ја покажува спремноста на луѓето да се возат во автономни возила. 

Бројката на луѓе кои одговорле на анкетата е околу 20.000 испитаници, па може да се каже дека резултатите се доволно меродавни. 

Како што би се очекувало, најголема спремност да се возат во автономно возило покажале луѓето на возраст од 14 до 17 години. Во оваа група 71% од испитаниците одговориле позитивно. 

Исто така очекувано, најмал е процентот кај најстарата група, односно кај тие на возраст од 55 години и нагоре. Оваа група покажала спремност од 37% за возење во едно вакво возило на иднината. 

Јас лично чекам кога овој тип на превоз ќе стане стандарден во светот, па да заборавиме на нервозите и сообраќајниот метеж. 

ИЗВОРStatista
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаInSight ги испрати првите „звуци“ од марсовскиот ветер
Следна статијаВи треба ли навистина скап телефон?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.