Еден од најпознатите светски производители на автомобили, германскиот Porsche, информира дека веќе нема да вклучува дизел мотори во своите автомобили, односно дека овогодинешниот дизел автомобил ќе биде последниот.

Од компанијата истакнуваат дека тие ги следат барањата на пазарот и потрошувачите, па своите напори во иднина ќе ги вложат повеќе во хибридни модели, а со тек на време и уште повеќе во целосно електрични.

Минатата година само 12% од продадените возила на Porsche биле дизел, па може да се види и дека овој тип на автомобили не се веќе нешто посебно популарни, барем кај корисниците на овој бренд.

„Porsche не го демонизира дизелот. Тој е и ќе остане важна технологија за погон. Ние како производител на спортски автомобили, како и да е, за кого дизелот секогаш има играно секундарна улога, дојдовме до заклучокот дека би сакале нашата иднина да биде без дизел. Се разбира, ние ќе продолжиме да се грижиме за нашите постојни дизел потрошувачи со професионализмот кои тие го очекуваат“, истакна Оливер Блум, директорот на Porsche.

Од компанијата истакнуваат дека идната година ќе го претстават својот прв целосно електричен автомобил, Taycan, а до 2025 година, секој втор Porsche автомобил ќе биде целосно електричен.

Голем фактор во падот на популарноста на дизел автомобилите е скандалот којшто излезе, во кој и Porsche беше дел, кој покажа дека производителите ги „прилагодувале“ дизел автомобилите да покажуваат помали издувни гасови при тестирањето.

ИЗВОРPorsche
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статија„Clickbait“ не е смислен од порталите, слични трикови телевизиите и радијата користат со години
Следна статијаТрева, виски и длабоки муабети – интервјуто на Роган со Маск
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.