Нешто што почна да се најавува со зголемувањето на бројката на електрични и хибридни возила, од денес стапува на сила во Европската Унија. Сите нови електрични и хибридни автомобили ќе мораат да имаат посебен систем, наречен „Acoustic Vehicle Alert Systems (AVAS)“ којшто во основа ќе овозможи да овие автомобили можат да бидат слушнати од страна на пешаците.

Системот ќе треба да имитира звук на вистински мотор кога автомобилот се движи назад или напред со брзина помала од околу 20 километри на час.

Иако овој систем во главно е замислен повеќе за пешаците кои имаат намален или воопшто немаат слух, сигурно ќе се погоди и како корисен и за останатите пешаци. Факт е дека овие автомобили воопшто не прават звук, а кога се движат со многу мала брзина, не се слуша ни триењето на тркалата на асфалтот.

Постојните електрични и хибридни автомобили исто така ќе треба да имаат AVAS систем, меѓутоа тие ќе имаат рок да вградат ваков систем во наредните две години, односно до јули 2021.

Европската Унија не е единствената која воведува ваков закон. Во САД производителите исто така ќе треба да воведат ваков систем.

Дека електричните автомобили ќе треба да имаат нешто кое ќе го привлече вниманието кон нив, се разговара веќе одреден период. Тие се тивки и за нив се смета дека имаат поголеми шанси да учествуваат во сообраќајни незгодни, за разлика од останатите автомобили.

Во продолжение пример за ваков систем кај автомобил од Nissan:

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаЕвропскиот конкурент на Google, Qwant, претстави конкуренција и на Google Maps
Следна статија5 помалку познати, а големи нуклеарни инциденти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.