Mercedes
Daimler

Два од најголемите германски индустриски гиганти Mercedes и Bosch се насочени кон дизајнирање и производство на автономни такси возила. Првиот човек на Bosch ја информираше јавноста дека обете компании планираат да ги пуштат на тестирање ваквите возила во наредниот период од неколку месеци.

Фолкмар Денер не понуди попрецизни информации или временски одредници за тоа кога точно ќе почнат тестирањата и каков вид возила се во прашање. Но, одамна е јасно дека германските индустриски гиганти планираат соработка за да надоместат за заостанувањето зад конкурентите. Ако се знае дека BMW планира да започне продажба на автомобили со автономно управување веќе во 2021-ва, малку им останува на Mercedes и Bosch да калкулираат.

Mercedes се потпира на своето претходно искуство во производството на возила. Иако, гласините велат дека автономниот систем ќе се базира на потполно ново возило. Секако, полесната варијанта е да се вгради автономен пакет на веќе постоечко сериско возило, но тоа очигледно не е случај.

По зборовите на Вилко Старк од Daimler, возилата ќе бидат дизајнирани и конструирани како автономни возила од нула. На тој начин ќе се постигнат максимум перформанси и компатибилност на сите елементи кои го сочинуваат возилото. Што не може во потполност да се очекува доколку се адаптира возило кое не е иницијално дизајнирано за таа намена.

ИЗВОРReuters
ИЗВОР 2Automobil Wosche
Претходна статијаНе стивнуваат маките на Фејсбук
Следна статијаFalcon Heavy полета кон вселената заедно со Tesla Roadster