Рускиот производител на оружје Kalashnikov, најмногу познати по нивната AK-47 автоматска пушка, популарно наречена само Калашников, оваа недела претстави електричен автомобил кои тие најавуваат дека треба да им конкурира на автомобилите од Tesla.

Овој автомобил е наречен CV-1 и доаѓа со батерија со капацитет од 90 киловати на час, а со едно полнење овој автомобил моментално може да помине околу 350 километри. Забрзувањето од 0 до 100 километри на час CV-1 го прави за 6 секунди.

Она што го прави уште поинтересен овој автомобил е што тој е направен во ретро стил, односно нема футуристички или барем „нормален“ изглед, а стилот е инспириран од старите источни автомобили. Па така, CV-1 потсетува на Combi IZH-21252 од Moskvitch (иако не сме сигурни дали овој модел бил баш од оваа компанија), а некои го споредуваат и со стариот и до некаде „смешен“ Trabant.

Колку се сериозни од Kalashnikov во влегувањето на пазарот на електрични автомобили останува да видиме во иднина, а доколку се гледа од бизнис аспект, дефинитивно оваа е пазар којшто тек му доаѓа времето.

ИЗВОРKalashnikov
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаКако би изгледал iPhone X Flex – смартфонот од Apple со екран на превиткување
Следна статијаПрви официјални слики од холограмскиот RED Hydrogen One смартфон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.