Како што се научивме од мобилните телефони, кинезите секогаш имаат поевтина варијанта од познатите производи на запад, а таа варијанта воопшто не може да се каже дека е лоша. Со тоа кинезите добија углед на продавачи на поевтини, меѓутоа одлични производи кои направија притисок генерално на пазарот.

Иако во овој случај не се работи за баш директен конкурент на Tesla, сепак не е можно да се спомне овој пазар без оваа компанија. Кинеската компанија Great Wall Motor го претстави нивниот 2019 Ora R1 целосно електричен автомобил.

Овој автомобил е прилично мал, односно не се работи за голема лимузина или SUV, но затоа може слободно да се каже дека изгледа одлично и интересно.

Со едно полнење на батеријата тој може да помине околу 351 километар, што воопшто не е лошо.

Она што посебно треба да го привлече вниманието кај овој автомобил е неговата цена. Тој ќе се продава по цена од 8.600 до 11.200 долари, што е значително поевтино од повеќето конкуренти.

Ваквите автомобили се очекува дека ќе ги донесат електричните автомобили кај пошироките маси кои сепак не се во можност да платат од 30.000 долари, па нагоре за некој од моделите на Tesla и другите.

ИЗВОРGeek
Претходна статијаСлика од предниот дел од екранот на Samsung Galaxy S10
Следна статијаXiaomi работи на уред кој ќе се превиткува на три дела?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.