Cybertruck е најновото возило од Tesla кое ќе им стане достапно на купувачите дури од 2021 година. Ова возило е во „пикап“ категоријата, а го привлече вниманието не само поради тоа што е од Tesla, туку и со нестандардниот, неочекуван и футуристичен дизајн.

Елон Маск во за него веќе карактеристичен стил, го привлече вниманието кога изминатиот викенд се појави со Cybertruck во ресторан во Лос Анџелес.

Како што се истакнува, возилото било паркирано пред ресторанот и го има привлечено вниманието на повеќето минувачи и посетители на ресторанот, а дури Маск им излезено да му го покаже на одреден актер.

Тоа што повеќе го привлече вниманието е што на возилото било видно дека уште ја нема целосната опрема за безбедно возење. Поточно, на возилото немало ретровизори на надворешната страна, а исто така не биле забележани бришачи на шофершајбната и стоп светла.

На излегување од паркингот од ресторанот, Маск врти лево, додека од знакот којшто по грешка го прегазува, се гледа дека е дозволено вртење само десно.

Излегувањето од ресторанот било снимено, па видеото можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНаградната игра на МојДДВ и заштита на личните податоци
Следна статија„Машки свет“ – нова емисија, со уникатна и оригинална содржина наменета за мажи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.