Mercedes
Daimler

Американската сојузна држава Калифорнија е првата која ќе дозволи тестирање на автономни возила, без присуство на човек како сопатник. Калифорнија е првата држава која својата положба и моќ ја користи да им помогне на технолошките компании кои работат на развој на оваа технологија на иднината.

Изминатиот понеделник претставниците на власта обелоденија дека од 2-ри април стапува на сила новиот закон. Тој предвидува дозвола технолошките компании да изведуваат тестирања на автономни возила, без обврска во нив самите да биде присутен човек. Претходно ваквата обврска постоеше од безбедносни причини и недоволната доверба во технологијата со која се располага.

Ова е клучен чекор во насока на примена на автономната технологија. Истата е развиена на солидно ниво, меѓутоа вистинската ефективност може да се докаже само доколку се тестира на вистински пат и без човечка асистенција.

Секако ова нема да значи дека улиците во Калифорнија ќе бидат преплавени со автономни возила кои ќе ја нарушат безбедноста. Новиот закон предвидува возилото да има специјален канал за комуникација со помош на далечинско управување. Од таму, пилот би бил одговорен за преземање на контролата во случај технологијата да откаже.

Се на се, одличен чекор кон охрабрување на практична примена на автономната технологија. И конечно начин да видиме како во пракса ќе се снајдат изумите за кои толку многу пофалби можевме да чуеме од нивните производители.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаVero: уште една „поинаква“ социјална мрежа
Следна статијаLeagoo го „освојува“ пазарот со реплика од iPhoneX именувана S9