MINI Cooper SE е првиот модел од овој познат британски бренд, сега во сопственост на BWM, кој е целосно електричен. Тој работи на електро мотор со 135 kW и може да се полни на било кои достапни полначи, како и со брзи полначи до 50 kW.

Тоа што веднаш се забележува кај овој модел е дека нема да може да се споредува со конкурентите како Tesla кога се во прашање перформансите. Ќе може да се помисли дека сепак MINI е друга класа, но сепак кога ќе се земе во предвид почетната цена од 35.000 долари, не може, а да не се направи споредбата со другите електрични автомобили во истата ценовна граница.

MINI Cooper SE со едно полнење може да помине до 270 километри најмногу, а тоа е во поскапата варијанта, додека во основаната тој може да помине до 235 километри. Треба да се земе во предвид дека ова е и најава од производителот, па не се знае уште колку ќе биде реалната километража на автомобилот.

Чисто за споредба, Tesla Model 3, кој има почетна цена од исто така 35.000 долари, може да помине околу 350 километри, додека поскапиот модел наводно може да помине и до 500 километри на едно полнење.

Брзината од 100 километри на час MINI Cooper SE ја достигнува за 7,3 секунди, што повторно треба да се нагласи дека е доста побавно од конкуренцијата.

Сепак, треба исто така да се земе во предвид дека кога се работи за MINI корисниците добиваат и бренд којшто им ја дава дополнителната вредност. Можноста за поминување на нешто повеќе од 200 километри е повеќе од доволно за локално возење, односно за возење во градски услови, каде секогаш има каде да се наполни автомобилот.

Со промените кои доаѓаат на чело на BMW се очекува да сепак наредните модели имаат технологија од наредната генерација, па овие карактеристики кај MINI значително да се подобрат.

ИЗВОРBMW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаStranger Things, сезона 3: Пет работи што не ми се допаѓаат
Следна статијаАпелационен суд во САД одлучи дека Доналд Трамп не може да ги блокира своите следбеници на Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.