Roberto Nickson (@g) / Unsplash

Елон Маск преку неговиот Twitter профил, одговарајќи на прашање, информира дека од август Tesla ќе почне да ја пушта својата деветта верзија од софтверот на автомобилите, односно Tesla Version 9.0. Оваа верзија од софтверот ќе има одредени интересни новини за автомобилите компатибилни со Autopilot 2.0, односно со системот за автоматско управување на возилото.

Она што привлекува внимание во одговорот од Маск е употребата на терминот „целосни само-управувачки функции“, односно „full self-driving features“. Во објавата нема информации што точно тоа подразбира, па може само да се претпостави.

Autopilot системот во Tesla автомобилите овозможува поголема автономност на возилото во споредба со стариот cruise control систем којшто во главно овозможува одржување на брзината и автоматско нејзино намалување доколку има автомобил во близина.

Tesla автомобилите можат самите да ја намалуваат и зголемуваат брзина, да ја менуваат лентата на возење и слични активности кои луѓето често знаеја да ги мешаат со систем за целосно автономно возење, па не ретко можевме да прочитаме за незгодни поради тоа.

Целосни само-управувачки функции асоцираат на тоа дека автомобилите ќе можат да прават повеќе активност самите, меѓутоа ќе треба да причекаме и да ги видиме видеата кои сигурно ќе ги објават како и секогаш дел од сопствениците на Tesla автомобили. Само се надеваме дека овој пат ќе нема такви со сообраќајни незгодни.

Инаку, повторно именувањето на системот за само-управување на Tesla ќе направи одредена забуна кај корисниците. Целосно автономни возила се’ уште не се доволно развиени, а и не се дозволени за масовна употреба, со исклучок во одредени земји каде е дозволено нивно тестирање. Тоа значи дека Tesla автомобилот со новата верзија од софтверот нема да овозможи да возачот си гледа во Facebook апликацијата додека возилото само прави се што треба.

ИЗВОРElectrek
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаШто ако технологијата ни овозможи да препознаваме емоции?
Следна статијаGoogle ќе направи мали промени на дизајнот на страната за најавување на сметката
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.