seat
Media: Seat

Електрификација на возилата е апсолутен тренд во авто индустријата последните години. Компаниите лидери во оваа сфера интензивно работат на прилагодување на традиционалните возила на погон на електрична енергија. Тоа оди до таму што од потребата за докажување некои компании претставија и вистински тркачки автомобили кои користат струја.

Вистинско ремек дело од таков вид може да се нарече новата Seat Cupra. Брендот Seat кој е во сопственост на германскиот гигант Volskwagen го претстави моделот за кој тврди дека е првиот вистински, комплетно електричен тркачки автомобил.

Конструирана врз основа на веќе постоечкиот модел Cupra Leon TCR физички оддава впечаток на моќен и брз автомобил. Перформансите кои ги остварува го оправдуваат физичкиот изглед. Иако се работи за комплетно електрифициран автомобил, тој може да испорача моќност од максимални 670 кс.

За сега моделот служи како демонстрација на капацитетите на компанијата. Нема апсолутно никакви информации за понатамошните планови на компанијата на ова поле. Но, ова е фин чекор кон транзиција дури и на тркачките автомобили кон погон на електрична енергија.

ИЗВОРEngaget
ИЗВОР 2SEAT
Претходна статијаDuolingo го „откри“ начинот за најлесно учење странски јазици
Следна статијаWizz Air го стартува второто издание на „WIZZ Youth Challenge“