Porsche
Media: Media:THOMAS KIENZLE/AFP/Getty Images

Германскиот магазин Automobilwoche пренесува дека компанијата Porsche работи на развој на патнички дрон. Според она што до сега е познато, проектот е во фаза на дизајн, а првите нацрти би можеле да се појават наскоро. Дронот би бил управуван од човек-пилот, кој за истото ќе треба да поседува специјална лиценца.

Од компанијата се’ уште нема коментар во врска со ваквите наводи, но познато е дека од неодамна тие се отворени за идеи од ваков вид. Не би било изненадување компанија од ваков ранг да започне да се занимава со произведување на возила на иднината. Како што е познато, гигантот од Штутгарт во својата историја има произведувано и конструирано секаков вид возила. Од патнички до воена технологија, па се до делови за летала.

Јасно е дека се наоѓаат под мал, но постојан притисок од страна на конкуренцијата. Главниот конкурент во рамки на Германија, Daimler веќе сериозно инвестира во проекти како Volocopter. Очигледно сега е моментот компанијата да реши дали ќе остане „заглавена“ во производството на традиционални возила. Или ќе го направи првиот чекор кон транзицијата на концептот на патување, односно производство на автономни возила.

ИЗВОРEngaget
ИЗВОР 2Automobilwoche
Претходна статијаВашиот ангел чувар ECOVACS ќе ви ги реши проблемите со чистењето
Следна статијаLacoste со револуционерен потег за поддршка на загрозените видови