Mercedes
Media: Daimler

Компанијата Mercedes веќе извесно време „експериментира“ со т.н. паметни светла. Од таму неодамна објавија дека ваквите светла не се повеќе само концепт, туку дека ќе се најдат во моделите на Mercedes Maybach S-Class возилата.

Се работи за фарови кои имаат практично функција на дигитален проектор. Со помош на оваа функција ќе може да се контролира количеството и фокусот на светлината која се емитира. На тој начин системот ќе умее самиот да препознае каде и колку светлина е потребно. Со тоа би се избегнало „заслепување“ на возачи кои доаѓаат во пресрет или пешаци покрај патот. Покрај фокусирање, фаровите имаат опција да „испишат“ одредена порака на патот користејќи ја светлината. Секој од фаровите има резолуција од над милион пиксели.

Mercedes
Media: Daimler

Ваквата технологија ќе се најде во моделите кои ќе излезат од производство веќе во првата половина од годинава. Паметните фарови се резервирани за најлуксузната линија на автомобили од овој бренд и ќе бидат во многу ограничени количини.

ИЗВОРEngaget
ИЗВОР 2Daimler
Претходна статијаBlackBerry го тужи Facebook поради злоупотреба на патент
Следна статијаApple со серија видеа привлекува корисници на Android