Пред неколку дена, 49 годишна жена, преминувајќи ја улицата туркајќи го својот велосипед била прегазена од автомобил, во Темпе, Аризона (САД). Откако била пренесена во болница, после неколку часа подлегнала на повредите.

Ваквите случки се дел од секојдневието во САД. Но, оваа се најде во центарот на вниманието на тамошните медиуми поради тоа што возилото било автономно. Односно, не било управувано од човек, туку од само-управувачки компјутерски систем. Уште полошо, возилото е сопственост на УБЕР, компанија која постојано се наоѓа на средина на различни контроверзи (поради кои Тревис Каланик, основачот на оваа компанија, неодамна поднесе оставка).

После овој инцидент, веднаш почнаа расправиите околу тоа кој е виновен за смртниот случај. Шефот на полицијата во Темпе изјави дека не се сомневаат дека УБЕР е виновен за овој инцидент (постојат сомнежи дека починатата жена поминала надвор од пешачкиот премин). Други пак, се сомневаат во ползата од тоа само-управувачки машини за убивање слободно да возат низ патиштата и дека ова возило не „покажувало знаци на успорување“ кога се случил инцидентот.

Настрана апокалиптични сценарија, овој инцидент претставува сериозна точка на пресврт во развојот на индустријата со автономни возила. Повеќе од светските автомобилски гиганти веќе тестираат само-управувачки технологии во своите возила. Тесла го стори тоа уште пред неколку години, иако и тие си имаат свои проблеми од овој вид.

Потенцијалот на развој на автономните возила е огромен. Дури, се претпоставува дека во блиска иднина ќе доведе до развој на летечки автономни возила (иако Елон Маск е на став дека идејата за автомобили да ти летаат над глава е глупава идеја).

Но, и покрај огромниот потенцијал, доволно е да се случи еден ваков инцидент за да ги поремети очекувањата и претпоставките. Уште поважно, да ги алармира законодавците да не преземаат храбри чекори и да дозволат непречено возење на вакви автомобили по комерцијалните патишта.

Поентата е што ова се изолирани инциденти. Автономните системи се далеку од совршени. Но, ако им се дозволи да се развиваат соодветно, разликата во бројот на сообраќајни несреќи во кои е вмешан човечки возач, и оние во кои ќе биде вмешано автономно возило ќе биде огромна. И ќе биде во полза на автономните возила.

Само во 2016 година, 37.461 луѓе го загубиле животот во сообраќајни несреќи во САД. Let that sink in. Ваквите настани несомнено се трагични. Но, ако постои шанса да се намалат во иднина, потребни се храбри потези од донесувачите на одлуки.

Претходна статијаЏек Дорси, ко-основачот на Twitter најавува дека Bitcoin ќе биде единствената светска валута за 10 години
Следна статијаЕвропската недела на дигитализацијата се одбележува и кај нас