YT

Како дел од идните апдејти за своите мобилни апликации, интернет видео сервисот YouTube на својот официјален блог најави дека од Ноември ќе додаде можност за гледање на видеа и додека не сте конектирани на интернет.

Новата функција ќе ви дозволи да направите листа на видеа кои ќе бидат достапни на “краток период” без интернет конекција. Деталите околу тоа како точно ќе функционира ова и колкав ќе биде периодот на достапност на видеата сеуште се чуваат во тајност, меѓуоа се шпекулира со бројката од 48 часа.

Моментално официјалната, мобилна YouTube апликација е достапна само за iOS и Android базираните уреди, додека Windows Phone и Blackberry уредите сеуште немаат официјална поддршка.

Претходна статијаZoho Docs од сега и на десктоп
Следна статијаSkype престанува со развој за Windows Phone 7