Апликацијата YouTube за оперативните системи Android и iOS ќе добие „темен режим“. Први ќе ја добијат корисниците на iOS, додека во наредните неколку дена ќе пристигне и на Android.

Популарното затемнување на позадината, која е вообичаено бела е позната функција за корисниците на Windows. На овој начин се создава подобро корисничко искуство при пребарување или гледање во темница. За да се искористи функцијата потребно е да се пристапи до менито за поставки.

YouTube
Media: The Verge

Затемнетиот режим беше претставен лани и се покажа како особено практичен, дотолку што корисниците на мобилните апликации, буквално го побараа. Иако на прв поглед минорна измена, црната позадина влијае многу позитивно на амбиентот на целиот интерфејс. Темната позадина дозволува поголемо истакнување на рамката во која се одвива видеото доколку не гледате во Full screen и генерално влијае попозитивно на корисникот.

Слични алатки нудат Twitter или други сајтови каде корисниците континуирано, сконцентрирано треба да гледаат во екранот. Светлата позадина ги изморува очите и резултира со помала концентрација кај гледачот/корисникот.

ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКорисниците на Android имаат поголема лојалност од тие на iOS
Следна статијаМакпетрол ја промовира “Верна повторно наградува” наградната игра