Според блогот на Google, корисниците веќе одреден период барале начин за подобро да можат да ги видат видеата пред да одлучат дали сакаат да ги гледаат. Од моја гледна точка, на YouTube му фалеше ваква функција, па оваа новост за мене е добра вест.

Autoplay on Home е новата функција која ќе направи да видеата на главната страна од YouTube на мобилните апликации, автоматски започнат со пуштање на видеото. Звукот на овие видеа нема да биде вклучен, а исто така ќе бидат вклучен и преводот, што помага при гледање на видео без звук.

Ова треба да овозможи подобра одлука за тоа дали некое видео сакаме или не сакаме да го гледаме, односно веќе нема да им потреба да отвориме одредено видео, да почнеме да го гледаме, за да можеме да видиме дали ни се допаѓа.

Се разбира, доколку некои корисници не сакаат видеата автоматски да им се вклучуваат, тие оваа функција ќе можат да ја исклучат или да ја ограничат да работи само кога се поврзани на Wi-Fi мрежа.

Ова треба дапридонесе кон подолго гледање на видеата поради подобрата проценка дали тоавидео е тоа што сакаме да гледаме. Од ова, покрај гледачите, треба да имааткорист и тие што ги објавуваат видеата, поради очекуваното зголемувањето навремето на гледање.

ИЗВОРYouTube
Претходна статијаWordPress 5 ја донесува досега најголемата промена кај оваа најкористена платформа
Следна статијаHuawei го најави Honor View 20 – нивниот прв телефон со предна камера под екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.