Во кодот на Facebook апликацијата е скриена нова функција која од компанијата ја тестираат, па со оглед на трендот кај поголемите компании, може да се очекува дека ќе ја видиме официјално пуштена за сите корисници.

Се работи за дел од апликацијата преку кој корисниците ќе може да видат колку време имаат поминато користејќи ја оваа апликација, односно колку време поминуваат на Facebook. Според тоа што е достапно во моментот, статистиката ќе прикажува колку време е поминато на апликацијата секој ден за изминатите седум денови, а ќе биде прикажан и просек од тие денови.

Корисниците ќе имаат и можност да изберат одреден лимит на поминато време на апликацијата, па по негово надминување, ќе се добие потсетник со надеж дека корисникот ќе го почитува сопствениот лимит или барем ќе придонесе до поголема свесност за „потрошеното“ време.

Кодот во Facebook апликацијата го открива програмерката Џејн Манчун Вонг, која информацијата ја испраќа до TechCrunch кои веднаш имаат побарано коментар од Facebook, а еве го нивниот одговор:

„Ние секогаш работиме на нови начини да помогнеме да се осигураме дека времето на луѓето поминато на Facebook е време добро потрошено“.

Време добро потрошено, односно Time Well Spent, е клучниот термин во одговорот. Се работи за движење кон кое поголемите компании се приклучуваат, а се однесува на огромното време кое луѓето го поминуваат на нивните паметни уреди.

Поради тоа, новите верзии од Android и iOS ќе дојдат со вграден алатка преку која корисниците ќе може да видат колку време поминуваат на нивните телефон, прикажано посебно според апликација. На Android корисниците ќе имаат и можност да го блокираат пристапот до одредена апликација доколку се надмине поставениот дневен лимит.

Со оглед на ова, како и најавата за достапност на ваква алатка на Instagram, јасно е дека големи се шансите да овој тест на Facebook стане достапен како алатка за сите корисници.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаXiaomi го претстави Mi Pad 4, нов таблет компјутер од средната класа за кинескиот пазар
Следна статијаДамјан: Macedonico е мобилна апликација која треба да го доближи македонскиот јазик до светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.